Жизел Бундшен го очекува своето трето дете

Веста дека Жизел Бундшен е бремена по трет пат изненади многумина.

Бразилската манекенка вешто ја криеше својата бременост, а скоро имаше и ангажман во модна кампања.

Бундшен, 44, веќе има две деца со поранешниот сопруг Том Брејди, 14 годишниот син Бенџамин и 11 годишната ќерка Вивијан.

Жизел е повеќе од една година во врска со Јоаким Валенте, кој е џиу-џитсу тренер, а парот се трудеше да биде што подалеку од будното око на папараците.

Бундшен на почетокот ја негираше романсата со Јоаким, кој беше тренер, но сепак подоцна потврди дека се во врска.

Фото: Instagram, Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian