Оригиналните Моцартови топчиња имаат сребрена, а не златна амбалажа и на нив се гледа трага од дрвениот стап.
Оригиналните Моцартови топчиња можат да се купат во слаткарниците „Фурст“ во Салцбург. И денес, тие се водат од Мартин Фурст, потомок на слаткарот кој го измислил рецептот, но никогаш не го заштитил.
Минатата година, светот беше шокиран од веста дека по 127 години, се затвора фабриката за оригинални Моцартови топчиња. Многумина се запрашаа што ќе купуваат како сувенир во Салцбург, но оваа вест се покажала како неточна. Да, компанијата Salzburg Schokolade, која беше најголемиот производител на познатите топчиња со марципан, кои ги знаеме по златната амбалажа под брендот Mirabel, беше затворена.
Но, оригиналните Моцартови топчиња и натаму можат да се купат во Салцбург. Еве како да ги препознаете вистинските Моцартови топчиња и каде да ги купите ако се најдете во градот на Моцарт.
Рецептот го измислил Пол Фурст 1890 година, но не го заштитил, како ни името
Познататото колаче прв го произведе салцбуршкиот мајстор слаткар Пол Фурст 1890 година. Тој ги претставил своите Моцартови топчиња на саемот во Париз 1905 година и освоил главна награда. Десертот многу брзо го освои целиот град и за него се проширила репутацијата и надвор од границите на Салцбург. Прапраунукот на Пол, Мартин Фурст, денес ја продолжува традицијата и продолжува да ги произведува овие топчиња по оригиналниот рецепт и процедура. Годишно произведуваат околу три и пол милиони топчиња, што значи 10.000 дневно!
Зошто има толку копии низ светот?
Само во Салцбург, како што наведува туристичката веб-страница на градот, може да се купат дури 13 верзии на овие познати топчиња! Пол Фурст, на за жал, никогаш не го заштитил рецептот и името на овој десерт, па денес постојат многу имитации, најчесто произведени индустриски.
Но, во слаткарниците „Фурст“, на четири локации во центарот на Салцбург, сè уште можат да се купат топчињата направени на оригинален начин. На Alter Markt, на улицата Brodgasse 13, можете да ги пробате овие топчиња во оригиналната слаткарница што Пол ја отвори уште 1884 година.
Сребрено-сина амбалажа и трага од дрвениот стап на топчињата
Златно-црвената амбалажа на Моцартовите топчиња стана позната низ целиот свет, но оние оригиналните, кои се продаваат во слаткарниците „Фурст“, имаат сребрено-сина амбалажа, а на нив Моцарт гледа на десно. Чоколадната топка во средината има марципан и пистачи, обложена е со нуга и прелена со чоколада. Традиционално, се прави така што топчето се става на дрвен стап и се потопува во црна чоколада – затоа на оригиналните топчиња може да се забележи трага од стапот, додека на индустриските верзии нема таков траг.
Цена и искуство: Зошто вреди да се пробаат?
Треба да напоменеме дека овие топчиња се значително поскапи од индустриските. Една топка чини 1,70 евра, но постојат и различни пакувања со повеќе топчиња што може да бидат поповолни. Можете да ги нарачате и преку нивниот веб-сајт.
Но, и покрај цената, навистина се исплати да се пробаат оригиналните Моцартови топчиња и да се купат како сувенир за пријателите и членовите на семејството, барем за најдрагите. Кога ќе ги пробате, ќе разберете зошто овој десерт го освоил светот и зошто индустрискиот производ не може да го засени оригиналниот.
Н.Т

Зошто има толку копии низ светот?
Цена и искуство: Зошто вреди да се пробаат?