Актерката Кејт Бланшет повторно докажа дека беспрекорниот стил не познава возраст. Оскаровката пристигна на ревијата на Armani Privé во рамките на Модната недела во Париз, придружувана од својот 18 годишен син Игнатиус.
Мајката и синот беа сместени во првиот ред, а нивните внимателно усогласени модни комбинации беа пример за префинета, ненаметлива елеганција.
Кејт Бланшет уште еднаш ја потврди својата репутација на модна икона, појавувајќи се во впечатлив црн стајлинг инспириран од смокинг.
Комбинацијата ја сочинуваа елегантни црни панталони со широк крој и архитектонски обликувано сако со длабоко деколте, бела јака и бели манжетни, што внесуваа впечатлив контраст.

Осумнаесетгодишниот Игнациус Аптон се одлучи за опуштен стајлинг. Тој носеше широки панталони во сива нијанса, маичка, спортска јакна и чевли во сличен тон, со што постигна префинет монохроматски изглед.

Мајката и синот беа меѓу најзабележителните гости, кои што со својата ненаметлива елеганција совршено ја доловија безвременската естетика по која модната куќа на Армани е препознатлива со децении.
Кејт Бланшет и нејзиниот сопруг, австралискиот драматург и сценарист Ендру Аптон, се родители на четири деца, синовите Дашиел, Роман и Игнациус, како и на посвоената ќерка Едит Вивијан Патриша.