ELENA LUKA: АРХИТЕКТУРА НА СИЛУЕТАТА, ДРАМА ВО ВОЛУМЕНОТ

Наборите, (највпечатливиот дел) и волуменозните апликации не се само украс, туку составен дел од конструкцијата, создавајќи сенка, ритам и движење

Најдобриот македонски моден бренд со интернационална слава- ELENA LUKA продолжува да гради препознатлив дизајнерски јазик во кој женственоста никогаш не значи слабост. Токму насловната страна на FASHIONEL за месец септември 2026, ја краси беспрекорна креација од брендот.


Новата есенска колекција го потврдува токму тоа, силни силуети, прецизна конструкција и драматични детали се спојуваат со лесни, транспарентни материјали, создавајќи жена која освојува и претендира кон висока мода!


Колекцијата е изградена врз контрастот меѓу нежноста и архитектонската сила.


Тулот, тафтата и органзата, материјали традиционално поврзани со деликатност и романтика, овде добиваат структура и скулптуралност.


Во комбинација со нагласени раменици, дефинирана половина, издолжени линии и внимателно конструирани волумени, тие создаваат силуети со јасен авторски потпис.


Посебно место има колоритот. Nude, карамела, бела, песок и топли беж нијанси ја следат природната палета на кожата, додека црната внесува графичка острина и драматика. Контрастот не е случаен, тој ја нагласува конструкцијата и го насочува погледот кон формата на телото.


Долгите фустани се движат низ вертикални и асиметрични линии, надополнети со високи шлицеви, додека пократките модели внесуваат понагласена архитектонска форма.


Наборите, (највпечатливиот дел) и волуменозните апликации не се само украс, туку составен дел од конструкцијата, создавајќи сенка, ритам и движење.


Она што ја издвојува колекцијата е токму начинот на кој ELENA LUKA  ја третира модата како конструкција на карактерот.


Наместо слепо следење на трендовите, фокусот е ставен на силуетата и препознатливоста, односно драматични раменици, нагласена половина, транспарентни слоеви и дозирана сензуалност.


Ова е колекција за жена која има изграден личен стил и нема потреба да се вклопува.


Таа ја носи облеката како продолжение на сопствениот став, самоуверена, сензуална, елегантна и видлива.


ELENA LUKA,  есенска колекција со силуети што се паметат и женственост што остава впечаток.