ELENA LUKA со оскаровски гламур на сцената на МОБ: Креацијата на Елена Андоновска го зборува јазикот на високата мода

„Запеало славеј пиле“, солистичкиот концерт кој вчеравечер се одржа во МОБ, ја поставува пејачката Елена Андоновска во фокусот на јавноста како уметник кој со сигурен чекор и длабока посветеност ја негува и продолжува македонската народна музичка традиција. Андоновска го исполни просторот со секој свој музички атом и создаде магија на сцената. Покрај современите интерпретации, таа со голема почит ги изведе и песните на македонските доајени на народната музика, оставајќи свој личен печат, но без да ја наруши нивната изворна вредност. Публиката беше воодушевена од бисерното грло, ама и од изгледот.

За магијата да биде уште поголема и гламурозна, таа самоуверено блесна во уникатна и специјално за неа изработена врвна креација од ELENA LUKA, најдобриот моден бренд во земјава и интернационално.

Се работи за фасцинантна филмска толаета што спојува драматична црна чипка со раскошен златен корсет-појас. Со денови работена и рачно, па се смета за висока мода во секоја смисла. Долгата, лесно разлеана силуета создава впечаток на сценска моќ и префинета женственост, додека контрастот црно-златно носи безвременски луксуз и силен визуелен ефект. 
Слоевитоста на креацијата е трансформирачка и секој елемент е внимателно обработен со математичка прецизност.
Фустанот сам по себе зборува една врвна приказна која во континуитет ја создава брендот ELENA LUKA со точен и прецизен начин како треба да се изгледа на сцена, а мистичноста да трае…

Н.Т