Венецијанскиот филмски фестивал и годинава започна со големи филмски имиња, холивудски гламур и црвен тепих на кој модата повторно има подеднакво важна улога.
На црвениот тепих, на ова 83то издание, доминираа долги силуети, луксузни материјали, темни нијанси и внимателно одбрани детали...
Меѓу првите кои го привлекоа вниманието беше Амал Клуни, која пристигна со сопругот Џорџ Клуни. Таа избра црна креација на Tом Форд и уште еднаш покажа дека најголемиот ефект понекогаш доаѓа од едноставноста.
Сосема поинаков впечаток остави Бјанка Балти, која на црвениот тепих се појави во впечатлив розов изглед со големи крилја.
Клер Фој избра понагласен, драматичен пристап, додека Меги Џиленхал се одлучи за пософистицирана и ненаметлива елеганција.
Меѓу интересните појавувања беше и Грета Скарано, која со своите избори внесе италијански шарм во фестивалската атмосфера. Она што особено се издвои од првата вечер е тоа дека чувството дека луксузот повторно станува посуптилен.
Црната повторно ја потврди својата позиција како една од најелегантните бои за црвен тепих, но розовата, црвената и богатите темни нијанси внесоа доволно разновидност.
И токму тоа ја прави Венеција посебна. Овде црвениот тепих не е само парада на скапи фустани, туку место каде што ѕвездите можат да покажат личен стил, а модните куќи да ја претстават својата визија за современиот гламур.
Во продолжение дел од атмoсферата:






Фото: Getty, Reuters