Кели Озборн со години е под будното око на јавноста, не само поради славното семејство и музичката кариера, туку и поради нејзината впечатлива трансформација. Од бунтовна тинејџерка со рок-имиџ до елегантна и самоуверена жена, нејзиниот изглед помина низ голема еволуција.
Во раните 2000-ти, кога се појави во реалното шоу „The Osbournes“, Кели беше препознатлива по готскиот стил, темната шминка, шарената коса и покрупната фигура.
Таа никогаш не се вклопуваше во класичните холивудски стандарди за убавина и отворено зборуваше за критиките, несигурностите и борбата со самодовербата.
Во тој период често експериментираше со изгледот, од розова и виолетова коса до драматични модни комбинации, што ја направи модна бунтовничка на својата генерација.
Со текот на годините, Кели почна постепено да го менува својот животен стил. Појавувањето во шоуто „Dancing with the Stars“ беше пресвртница, ослабе, почна да вежба и да се грижи повеќе за здравјето.
Таа отворено зборуваше за својата борба со зависности, анксиозност и емоционално јадење, нагласувајќи дека трансформацијата не била само физичка, туку и ментална.
Нејзиното појавување на Греми наградите годинава, повторно го привлече вниманието на јавноста.
Кели се појави со нов имиџ, руса боб-фризура со шишки, елегантен црн фустан и значително ослабена фигура, оставајќи впечаток на софистицирана и зрела жена.
Настанот за неа имаше и силна емотивна тежина, бидејќи церемонијата вклучуваше посвета на нејзиниот татко Ози Озборн, а Кели призна дека сè уште тешко се справува со неговата загуба, опишувајќи го периодот како „најтешкиот во нејзиниот живот.
Она што најмногу се забележува како промена е нејзината самодоверба. Од несигурна девојка која се бореше со критики, Кели денес зрачи со стабилност, зрелост и прифаќање на себе.
Taa e пример дека вистинската трансформација започнува одвнатре, со работа на себе, а не само со промена на изгледот.