Ќерката на Гвинет Полтроу во фустанот на мајка си 30 години подоцна

Епл Мартин со задоволство „позајмува“ облека од плакарот на својата мајка, Гвинет Полтроу, а токму тоа се случи на премиерата на филмот Marty Supreme во Њујорк.

На настанот оскаровката беше придружувана од своите две деца, Епл (21) и Мозес (19), коишто ги има со својот поранешен сопруг, музичарот Крис Мартин.

Епл го привлече вниманието на сите кога се појави носејќи ја истата сензуална, црна тоалета од Келвин Клајн, што Полтроу ја носеше на премиерата на филмот Emma во Њујорк, во јули 1996 година.

Како и нејзината мајка, Епл го стилизираше изгледот минималистички дополнувајќи го со пар дијамантски обетки и уредно собрана коса.

Полтроу (53) носеше софистициран, црн аутфит кој вклучуваше црн кадифен корсет со нагласена голема машна на едното рамо и тесно здолниште со длабок шлиц.

Двете деца ја придружуваат мајка им на настаните поврзани со филмот Marty Supreme, со коишто таа го одбележува своето прво филмско појавување пред камера по 2019 година.