Кога селфито станува причина за операција: Феноменот „Snapchat dysmorphia“

Социјалните мрежи и разните филтри што се користат, целосно го сменија начинот на кој се гледаме себеси. Денес филтрите не ја менуваат само светлината на фотографијата, туку и лицето. Тие го стеснуваат носот, ги зголемуваат усните, ја измазнуваат кожата и создаваат „совршена“ верзија од нас.