Есента е сезоната кога обувките стануваат многу повеќе од практичен избор.
Еден пар може целосно да го промени впечатокот од комбинацијата, истите фармерки и палто можат да изгледаат спортски со патики, лежерно со мартинки или елегантно со чизми.
Мартинки - за малку поостар изглед
Мартинките одлично функционираат со фармерки, особено со модел со исправен или поширок крој. Додадете едноставен џемпер, блејзер или подолг капут и добивате комбинација која изгледа модерно, но не премногу „тешко“.
Патики - не се само за спортска комбинација
Белите и минималистички патики се едни од најлесните обувки за комбинирање во преодниот период. Носете ги со фармерки и кошула за едноставен секојдневен изглед, но и со широки панталони, блејзер и капут кога сакате комбинацијата да биде поопуштена. Контрастот меѓу елегантните парчиња и патиките често прави изгледот да делува помодерно.
Кратки чизми - најлесниот избор за есен
Кратките чизми се веројатно најпрактичниот избор за есенскиот гардеробер. Можете да ги носите со фармерки, панталони, здолништа и фустани. Ако сакате нозете визуелно да изгледаат подолги, изберете чизми во слична нијанса со панталоните или хулахопките.
Високи чизми - за поелегантен изглед
Високите чизми се одлични со миди здолништа и фустани, но убаво функционираат и со фармерки ставени во чизми. За дневна комбинација можете да ги споите со плетен фустан и подолг капут, а за поелегантен изглед со здолниште, кошула и структуриран капут.
Како да одберете?
Треба да знаете каков впечаток сакате да создадете. Патиките се избор за опуштен и модерен изглед, мартинките додаваат карактер и малку поостра нота, кратките чизми се најлесни за секојдневно комбинирање, а високите чизми веднаш внесуваат елегантен момент.
← Претходен