НА КАФЕ СО ДЕДО МРАЗ! ЕПИЗОДА 4: ИВАНА И „ТОЈ ШТО НЕ Е ТОЈ”

Во духот на празниците и магијата што ги буди зимата, FASHIONEL го лансира сега веќе добро познатиот ексклузивен серијал „На кафе со Дедо Мраз“ – рубрика што ве води низ најубавите, најискрените и најчовечките разговори на нашата платформа.
„На кафе со Дедо Мраз“ не е обичен интервју-серијал. Тоа се топли, мудри и понекогаш неочекувано длабоки разговори помеѓу Дедо Мраз и различни ликови од сите возрасти, професии и животни приказни. Некогаш тој советува. Понекогаш само слуша. А најчесто ги води нашите соговорници да погледнат малку подлабоко во себе, да препознаат што е важно, да постават цели, да ги одложат стравовите и да остават простор за љубов, храброст и личен раст.
Овој серијал се однесува на секој од нас.
На мајките што се борат да стигнат секаде,
на татковците што молчат повеќе отколку што зборуваат,
на младите што бараат насока,
на бабите и дедовците што носат цели животи во своите приказни,
на пријателите што можеби имаат прашања, желби, таги или надежи кои нема секому да ги кажат.
Секој што сака да сподели нешто со Дедо Мраз, да му напише, да праша, да побара совет или едноставно да ја излее својата мисла е добредојден.
Вашите писма, прашања и желби испратете ги на:
📩 dedo.mraz@fashionel.mk
или
📥 приватна порака на нашите социјални мрежи.
Дедо Мраз одговара веднаш – на писма од наши пријатели, мајки, баби, стрини, сестри… и на секој што ќе му се обрати со искрено срце.
Во рубриката „На кафе со Дедо Мраз“, сите овие гласови се претвораат во еден магичен простор што FASHIONEL го отвора за својата публика: простор за дијалог што понекогаш станува огледало на нас самите. Разговори што инспирираат, лекуваат, охрабруваат и нудат нови перспективи – токму таму каде што најмалку очекуваме.
Ве повикуваме:
пишете му на Дедо Мраз. Споделете. Прашајте. Побарајте.
Можеби токму вашата приказна ќе ја отвори следната епизода на нашиот празничен серијал.
Магијата започнува тука.
Добредојдовте На кафе со Дедо Мраз – само на FASHIONEL.mk.

Ивана има 31 година.

Работи, се снаоѓа, се смее, се појавува на сите родендени, му се радува на секојдневието… И никој не би помислил дека во срцето ја носи најголемата  животна дилема од сите, Хамлетовското прашање во современа верзија:

,,Да останам… или да си одам”?

Таа не сака драма.

Не сака ни бајки.

Сака само мир и вистина.

Сепак, седна на кафе со Дедо Мраз.

👩‍🦰 ИВАНА: „Дедо Мраз,  јас имам еден човек во животов.

Не е лош, ама не е ни мој. Не знам дали да продолжам, или да си одам…? Ако си одам, ќе ме боли. Ако останам,  уште повеќе.“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Ќерко, болката не е мерило за љубов. Ако мора секој ден да се убедуваш дека е ,,добро”, тогаш веќе одамна не е.“

👩‍🦰 ИВАНА: „Знам, ама навиката е страшна. И тишината после него ќе биде уште пострашна.“

🎅 ДЕДО МРАЗ:

„Тишината е лек  после човекот кој што те прави уморна. Навиката не е љубов, тоа е само страв од почеток.“

👩‍🦰 ИВАНА:

„А што ако никогаш не најдам некој подобар?“

🎅 ДЕДО МРАЗ:

„Најлошата мисла што ја има секоја жена пред да си го спаси животот”!

Запомни:

,,Не ти треба подобар од него, туку  подобар за себе.

Разликата е цел универзум.“

👩‍🦰 ИВАНА:

„Што ако грешам?“

🎅 ДЕДО МРАЗ:

„Погрешно е само да останеш таму каде што веќе го изгуби мирот.

Срцето не греши, само знае пред нас.“

👩‍🦰 ИВАНА:

„Добро, а  како да се решам?“

🎅 ДЕДО МРАЗ:

„Едноставно:

Ако од човекот научи повеќе за болка отколку за љубов, време  е да си ја вратиш силата.“

👩‍🦰 ИВАНА:

„А ќе дојде ли вистинскиот?“

🎅 ДЕДО МРАЗ:

„Ќе дојде кога ќе има место.

Ќе дојде кога ќе престанеш ти да се смалуваш за да собереш некој што немал храброст да порасне.“

✨ ПОУКА:

Некогаш најголемиот подарок што можеш да си го дадеш е да си ја вратиш слободата.

Автор: Дедо Мраз