НА КАФЕ СО ДЕДО МРАЗ! ЕПИЗОДА 3: ЛАРА И ЖЕЛБАТА ЗА КАРИЕРА, А НЕ ЗА АПЛАУЗ

Во духот на празниците и магијата што ги буди зимата, FASHIONEL го лансира новиот ексклузивен серијал „На кафе со Дедо Мраз“ – рубрика што ќе ве води низ најубавите, најискрените и најчовечките разговори на нашата платформа.
„На кафе со Дедо Мраз“ не е обичен интервју-серијал. Тоа се топли, мудри и понекогаш неочекувано длабоки разговори помеѓу Дедо Мраз и различни ликови од сите возрасти, професии и животни приказни. Некогаш тој советува. Понекогаш само слуша. А најчесто ги води нашите соговорници да погледнат малку подлабоко во себе, да препознаат што е важно, да постават цели, да ги одложат стравовите и да остават простор за љубов, храброст и личен раст.
Овој серијал се однесува на секој од нас.
На мајките што се борат да стигнат секаде,
на татковците што молчат повеќе отколку што зборуваат,
на младите што бараат насока,
на бабите и дедовците што носат цели животи во своите приказни,
на пријателите што можеби имаат прашања, желби, таги или надежи кои нема секому да ги кажат.
Секој што сака да сподели нешто со Дедо Мраз, да му напише, да праша, да побара совет или едноставно да ја излее својата мисла е добредојден.
Вашите писма, прашања и желби испратете ги на:
📩 dedo.mraz@fashionel.mk
или
📥 приватна порака на нашите социјални мрежи.
Дедо Мраз одговара веднаш – на писма од наши пријатели, мајки, баби, стрини, сестри… и на секој што ќе му се обрати со искрено срце.
Во рубриката „На кафе со Дедо Мраз“, сите овие гласови се претвораат во еден магичен простор што FASHIONEL го отвора за својата публика: простор за дијалог што понекогаш станува огледало на нас самите. Разговори што инспирираат, лекуваат, охрабруваат и нудат нови перспективи – токму таму каде што најмалку очекуваме.
Ве повикуваме:
пишете му на Дедо Мраз. Споделете. Прашајте. Побарајте.
Можеби токму вашата приказна ќе ја отвори следната епизода на нашиот празничен серијал.
Магијата започнува тука.
Добредојдовте На кафе со Дедо Мраз – само на FASHIONEL.mk.

ЕПИЗОДА 2

Лара има 29 години.

Знае што сака и може, но исто толку знае што не сака. Не сака клише работи.

Светот околу неа уште не сфатил дека таа темелно  ја гради својата кариера, само канцеларијата уште не ја доградила.

Таа не бара ултимативна работа.

Бара работа што ќе ја предизвика и турка понатаму во предизвици.

Затоа, Лара седна на кафе со Дедо Мраз.

👩‍🦰 ЛАРА: „Дедо Мраз,  оваа година сакам да си  пронајдам работа што ќе ме исполнува и доградува  вистинската кариера.

Не сакам работа која ќе ми ја угаси енергијата, туку  што ќе ја пламне“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Мила Лара, кариера не се пронаоѓа ниту подарува, туку се создава.

Ако беше подарок, одамна ќе го имав тргнато од листата.

Сите посакуваат успешна кариера, а  ретко кој работи на неа.“

👩‍🦰 ЛАРА: „Работам, работам и работам, ама чувството ми е како да стојам во место.

Како да сум заглавена во  лифт без копче за нагоре.“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Тоа е исто како са возиш и постојано ја држиш рачната кочница во раце.

Сигурна работа, сигурна плата, сигурна навика…А впрочем ништо не е сигурно. Останува само илузијата за сигурност.

Големите работи не се раѓаат во удобност и комфор. Впрочем како и раѓањето на човекот“

👩‍🦰 ЛАРА: „А што ако направам грешка? Ако скокнам и паднам?“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Ќерко, најголемите грешки се прават кога НЕ скокаме.

Падот е само доказ дека си тргнала нагоре, а стравот е присуство на одговорност, дека постоиш.“

👩‍🦰 ЛАРА: „Искрено, сакам и  малку повисока плата… Може?“

🎅 ДЕДО МРАЗ (со сериозен поглед): „Тоа ми го бара секоја втора ,,кафеџика”. Пиеме кафе и на крајот желбата во талогот во шолјата  е токму таа – поголема плата, повеќе пари.

Да ти кажам право, за плата ниту  се моли, ниту се посакува. На неа се работи, се преговара со глава крената глава,  спуштени превисоки амбиции“

👩‍🦰 ЛАРА: „А што да правам со работните места каде што не ме ценат?“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Да им дозволиш да те изгубат.

Некои компании нема да разберат колку вредиш, дури не те видат во конкурентската компанија“

👩‍🦰 ЛАРА: „Дедо Мраз, да  скратиме кафе муабет со директно прашање: што ми носиш во 2026-та година?“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Три работи:

1. Храброст да скокнеш,

2. Мудрост да избереш,

3. Достоинство да не се враќаш таму каде што не си била ценета.

Остатокот ќе си го направиш сама, затоа што можеш.“

✨ ПОУКА:

Кариерата не е подарок, туку последица од сработеното, тоа што конечно си станала жена која никому не му  се извинува за оствареното…