Карен Мулдер, холандската супермоделка, беше едно од најпознатите „лица“ на модната сцена во 1990-тите, со успешна кариера која ја вивна до врвот на интернационалниот моден бизнис. Работејќи со најголемите имиња како Versace, Dior, Chanel и Calvin Klein, таа стана една од првите „Ангели“ на Victoria’s Secret и беше чест гостин на насловните страни на Vogue, позиции резервирани за модни легенди.
Кариерата на Мулдер започна во 1985 година, кога, како тинејџерка, се појави на модна сцена поради фотки испратени од пријател на конкурсот Elite Models Look of the Year. Нејзиниот изразен изглед и професионалност брзо ѝ обезбедија работа со најреномирани модни куќи, а до 1992 година веќе ги красеше насловните страни на Vogue и други големи индустриски публикации. Таа работеше на рекламни кампањи за Calvin Klein, Yves Saint Laurent, Revlon и многу други, а нејзиното присуство на пистите ја правеше една од најплатените манекенки во светот.
Контроверзии, сенки и „говорење на вистината“
На почетокот на 2000-тите, Мулдер почна гласно да зборува за темните страни на модната индустрија.
На 31 октомври 2001 година, во француско телевизиско шоу Tout le monde en parle, таа направи низа експлозивни обвинувања за сексуално насилство и експлоатација, ги именуваше високо позиционираните извршни директори, полицијата, политичари, па дури и членови на кралски семејства, како оние што ја злоупотребиле. Обвиненијата опфаќаа тврдења за силување, трговија со луѓе и злоупотреба на манекенки уште од детски години.

Шоуто никогаш не беше емитувано, снимката беше избришана поради страв од клевета, што веднаш го промени текот на нејзиниот живот. Во следните денови, Мулдер ги повтори тврдењата во интервју за неделно списание, но брзо по тоа беше заведена од нејзината сестра во психијатриска болница Villa Montsouris во Париз, каде остана околу пет месеци. Нејзиното ментално здравје било ставено на удар, а искуството со депресија и анксиозност ја направија лесна цел за критика и таблоидни написи.
Поврзаноста со индустријата и контроверзни фигури
Еден од луѓето што Мулдер ги поврза со злоупотребата, Жан-Лук Брунел, подоцна стана познат по својата соработка со Џефри Епштајн и беше обвинет за сексуални злосторства и трговија со луѓе, имајќи значајна улога во модните агенции поврзани со експлоатација. Брунел почина во затвор во 2022 година додека чекаше судење. Други извршни директори, како Жералд Мари, исто така беа обвинети од повеќе жени за силување и сексуален напад, а нивната позиција во индустријата остана предмет на големи критики.

Мулдер е спомната во јавните документи на Епштајновите случаи, нејзиниот случај беше потврда, иако дури сега после толу години целосно ја разбраа. Нејзиното име често се појавува во интернет-разговорите и анализите што ги истражуваат темните страни на мрежите на злоупотреба поврзани со модната индустрија и моќните фигури.
Пад и живот по славата
По исчезнувањето на јавната сцена, нејзиниот живот помина низ серија лични предизвици. Во 2002 година, таа се обиде да си го одземе животот со предозирање на таблети за спиење и помина денови во кома, а потоа со години работеше на своето ментално здравје и опоравување. Поради јавната перцепција на нејзината „нестабилност“, многу од нејзините обвинувања беа прифатени со скептицизам, што резултираше со брз пад на нејзината кариера и повлекување од модната сцена.
Дури и така, постоеле повремени обиди за враќање во јавноста, на пример, појавување на париски моден викенд во 2002 година со стилисти пријатели, но никогаш не успеа да ја врати кариерата на исто ниво какво што имаше пред контроверзиите.
Каде е денес?
Сега, повеќе од две децении по најголемите јавни скандали, Карен Мулдер е речиси непознато лице за пошироката јавност. Јавните информации сугерираат дека таа продолжила да се грижи за своето здравје и приватен живот и речиси целосно се повлекла од светската сцена. Нејзиното име се споменува ретко, обично во контекст на историјата на модата, но и како пример на лице што се обиде да зборува за темни теми пред да биде тоа општествено разбрано или поддржано.
Наследство и гледање нанапред
Наследството на Карен Мулдер е сложено, од светски супермодел и лице што постави стандарди на глобалната индустрија, до човек чиј живот беше радикално променет поради обвинувања што подоцна добија поддршка од подоцнежните откритија за мрежите на злоупотреба. Нејзината приказна останува важна напомена за моќните структури зад модните сцени и за трошливоста на кариерата и репутацијата во ерата на големите имиња.
Н.Т
Контроверзии, сенки и „говорење на вистината“
Поврзаноста со индустријата и контроверзни фигури