Таа не се обидува да изгледа помладо и затоа изгледа одлично

Постојат жени кои со годините не се обидуваат да изгледаат како да се вратиле во своите дваесетти.

Наместо тоа, стануваат сè посигурни во тоа кои се, што им прилега и како сакаат да изгледаат. Мишел Фајфер е една од нив. На 68 години, актерката и понатаму привлекува внимание со својот елегантен и ненаметлив стил, но и со самодовербата која доаѓа со искуството.


Она што најмногу привлекува внимание кај неа е тоа што продолжува да биде своја. Русата коса, природната шминка, дискретната насмевка и ненаметливиот стил се дел од нејзиниот препознатлив изглед.  но денес во него има уште нешто, сигурност која тешко може да се имитира.


Фајфер и понатаму е активна, а годинава се појави во две телевизиски серии, The Madison и Margo’s Got Money Troubles. Со тоа уште еднаш покажа дека годините не мора да значат повлекување од јавниот живот или од професионалните предизвици. Напротив, можат да бидат период во кој жената има уште поголема слобода да избира што сака да работи.


Мишел продолжува да го развива и својот бренд за парфеми Henry Rose, којшто го основаше во 2019 година, а нејзиниот стил е доказ дека елеганцијата не зависи од возраста. Црно одело со добар крој, едноставна блуза, дискретен накит или квалитетен капут често се доволни за таа да изгледа впечатливо.


Наместо постојано да следи што е „младешко“, Фајфер одбира парчиња во кои изгледа како да се чувствува удобно и сигурно. На овој начин актерката порачува дека не мора да изгледаме како да имаме 25 години за да бидеме убави. Не мора да ги криеме годините, ниту постојано да се бориме со секоја промена што ја носи времето.


Многу поважно е да се грижиме за себе, да се чувствуваме добро во сопствената кожа и да не престанеме да се интересираме за животот.