Црно и бело, два сосема различни стилови и две актерки кои уште еднаш покажаа како изгледа вистинскиот црвен тепих.
Премиерата на филмот „Verity“ во Њујорк донесе вистинска модна двојка. Eн Хатавеј и Дакота Џонсон се појавија на црвениот тепих во впечатливи изданија кои не можеа да бидат поразлични, но токму затоа изгледаа одлично заедно.
Хатавеј во црна креација со драматичен ефект

Eн Хатавеј за оваа свечена пригода избра црна тоалета од Prabal Gurung, со прилепена силуета која ја следи линијата на телото, додека долниот дел преминува во богата, набрана ткаенина со светкави детали.
Посебен ефект даваат цветните елементи, кристалните монистра и проѕирната наметка украсена со светкави детали. Актерката, која го очекува своето трето дете, повторно покажа дека бременоста воопшто не значи откажување од впечатливите модни комбинации.
Џонсон во бело и со кристален „водопад“

Дакота Џонсон се одлучи за сосема поинаква естетика. Таа носеше бела креација од Calvin Klein Collection, составена од светкав топ и долго здолниште со висок шлиц. Највпечатливи беа кристалните реси кои паѓаат од топот и по должината на здолништето, создавајќи ефект на светкав „водопад“ при секое движење.
Џонсон изгледот го надополни со едноставни бели сандали, дијамантски накит и впечатлив кармин во темноцрвена нијанса.
Иако нивните модни избори беа сосема различни, двете актерки изгледаа одлично заедно на црвениот тепих.

Црната елеганција на Ен и светлиот, блескав изглед на Дакота создадоа визуелен контраст кој тешко можеше да остане незабележан.
Двете дами се дел од главната актерска екипа на „Verity“, филмска адаптација на истоимениот роман на Колин Хувер.

Филмот во кината пристигнува на 2 октомври 2026 година.
Фото: Getty/Reuters