Тенденции- животински дезени насекаде, се враќаат на голема врата

Масивност и воочливост

Tренд-најава што ќе ја пронајдете оваа есен и зима, а ќе ја гледате насекаде, и секако кај нас:

Животинските принт дезени- ќе ги гледате насекаде, но оваа година ги мешаме! Зебра со змиски принт, со леопард... Посебно леопард дезен. Делува аристократски, но внимавајте како ќе го комбинирате. Самиот принт не трпи многу детали.



Исто така ќе најдете и многу кадифе. Го има во кадифе-деворе, го има во мали суптилни детали на сакоата, но го има и како целосен изглед („total look“) на женските костуми, на здолништата, панталоните, а исто така и на преголемите („oversize“) палта.


Оваа година накитот е многу присутен и воопшто не е дискретен. Сакаме многу накит, вашите парчиња накит мора да се гледаат дури од другиот крај на улицата!


Исто така ќе гледате многу и крзно. Го видовме како се враќа минатата година, а оваа година се враќа во преголеми („oversize“), драматични изданија. Ќе го најдете на карирани јакни, на кожени јакни, го има насекаде и мора да биде забележливо!“