Во овој ресторан во Амстердам сирењето игра главна улога

Во главниот град на Холандија се наоѓа еден интересен ресторан во којшто главна улога има сирењето.Kaasbar е вистински рај за сите љубители на овој деликатес, којшто може да се комбинира на многу креативни начини. Од...

Во главниот град на Холандија се наоѓа еден интересен ресторан во којшто главна улога има сирењето.Kaasbar е вистински рај за сите љубители на овој деликатес, којшто може да се комбинира на многу креативни начини.

Од пикантни и ароматични, до ултра солени и слатки, тука секој може да го пронајде својот вкус, но и да биде изненаден од разновидноста на сирењето.

Kaasbar нуди повеќе од 30 видови на сирење, внимателно одбрани од локалните производители. Она што е навистина интересно е концептот со подвижни ленти од коишто можете, додека го пиете вашето вино, да си одберете и сирење.

Може да го јадете со грозје, маслинки, тартуфи, колбаси, крекери или она што ќе ви препорачаат вработените кои се вистински познавачи на сирењето.

Освен тоа на менитo има и разни типови на фонду (стопено сирење), од класични па се до деликатесни верзии со тартуфи.

Сирењето е составен дел и од десертите, како на пример во чизкејк или сладолед од сино сирење.

Па, доколку патот ве однесе во овој град, Kaasbar нека биде на вашата must-visit листа.

Фото: Instagram