Вториот ден на Модната недела во Милано го одбележаа неколку моменти, а центар на вниманието беше големото официјално деби на Марија Грација Киури како креативен директор на Fendi.
Таа се врати во брендот каде го започна својот професионален пат и ја претстави колекцијата Есен-зима 2026/2027, поставувајќи нов тон за модната куќа.
Линијата изобилуваше со класични елементи како бомбер јакни, кожни парчиња, фустани со тантела и контрастни текстури, а во однос на бои доминираше палета од црна, темносина и неутрални тонови, што предизвика многу позитивни реакции од критичарите како еден од најзначајните моменти на неделата.
Шоуто дополнително го збогатија низа светски ѕвезди како Ума Турман, Џесика Алба, Дакота Фенинг и Моника Белучи, како гости во првите редови.


Покрај тоа што Кјури беше во центарот на вниманието заради реинтерпретација на легендарниот бренд, другите истакнати дизајни на денот, како оние од модната куќа Diesel, покажаа дека силните визуелни концепти и играта со материјали продолжуваат да ја обликуваат сезоната Есен-зима 26/27.
На пистите во Милано беа видливи и други клучни трендови, како што се впечатливи кроеви, богати текстури и силуети што се истовремено префинети и практични. Улиците на модниот центар повторно покажаа како влијанието од пистата се интерпретира во пракса. Модни ентузијасти и инфлуенсери од целиот свет го донесоа својот street‑style на голема врата.
