НА КАФЕ СО ДЕДО МРАЗ! Епизода 1: Мила и желбата за Нова година

 

Во рубриката „На кафе со Дедо Мраз“, серијал што го започнува Fashionel, различни ликови од сите возрасти и професии „седнуваат“ со најпознатиот зимски лик за разговори што надминуваат обичен дијалог. Дедо Мраз ги советува своите соговорници, но истовремено разговорот често станува еднонасочен – можност за преиспитување со самите себе, преземање на одговорности, предрасуди, носење ризици, реализирање на цели и ширење љубов. Во оваа магична средина, тој исто така помага да се минимизира тагата и да се откријат нови перспективи, правејќи секоја епизода инспирација за личен раст и животна мудрост.

Епизода 1: Мила и желбата за Нова година

Мила има 27 години, работи маркетинг и живее во стан кој сама си го отплаќа. Живее како да е во Дубаи, а не во ,,градот-полис” Аеродром. Годинава реши да си го признае тоа што одамна тивко го размислува. Решително не чека принц, ниту бел коњ, не чека среќа, ниту лото добивки. Мила чека да дојде редот за конструктивен разговор со Дедо Мраз, ја бара смислата на животот. Затоа, не чека туку решава да испие предновогодишно кафе со Дедо Мраз.

👩‍🦰 МИЛА: „Дедо Мраз, оваа година сакам само едно: да престанам да трчам по работи што не ме сакаат и ме исцрпуваат, а тоа се мажи што не знаат што сакаат. Дали моето посакување е остварливо?

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Ќерко, јас носам подароци, а не чуда! Но можам да ти кажам нешто многу побитно од било каков материјален подарок. Ако нешто не те сака, како што велиш, можеби  ти си скапоцена. Скапите работи ретко се на распродажба.“

👩‍🦰 МИЛА: „А ќе има ли конечно на повидок, некој маж што е ем паметен, ем слободен, ем емоционално стабилен?“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Тоа е како да бараш еднорог со диплома. Не е невозможно, но во меѓувреме, додека не налеташ на таков, научи се пиеш кафе терапија со најблиските другарки. Филџан кафе со другарките е најдобрата терапија. Ем миризливо, ем вкусно, ем може во талогот да се види дали доаѓа еднорогиот со диплома“.

👩‍🦰 МИЛА: „А кариерата? Сакаа да ме унапредат, ама на сепак ја унапредија колешката со подобри предиспозиции (препораки) од мене, од вујкото директор.“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Тоа не е унапредување, туку идиотизам од непотизам. Да, фамилијарно бингo, ама добивката останува во нивниот круг, не се шири како добробит. Ти во 2026 ќе пораснеш! Толку ќе пораснеш што нема никого да молиш, да очекуваш, туку ќе бидеш видена. Е тогаш тие ќе те бараат, но ти ќе ги надраснеш, ќе бидеш повисока од сите нив.“

👩‍🦰 МИЛА: „Добро, што сакаш да кажеш дека треба да направам? Сигурно нема да ми подариш високи потпетици.“

🎅 ДЕДО МРАЗ: „Едноставно: Оваа година, биди си подарок сама себеси. Подари си ги времето, душата, радоста и љубовта… Сите тие доблести ќе ти подарат здравје. Сѐ друго и сите други сами ќе си дојдат кога ќе ти ја осетат енергијата. Треба само да се препакуваш.“

✨ ПОУКАТА: Понекогаш магијата не е во тоа што ќе ни донесе Дедо Мраз и што ќе си посакаме, туку во она што ќе си го дозволиме сами на себе, ќе си го подариме себеси!